Името ,,ЛЕГО” потекнува од данската изрека ,,leg godt” што значи ,, играј добро”- филозофија што и до ден денес е во центарот на компанијата која ги произведува, the Lego Groups, во Билунд, Данска.
Постојат околу 400 милијарди лего коцки на светот. Доколку се разделат на сите луѓе во светот, секој би добил по 50 коцки.
Доколку се наредат 40 милијарди лего коцки една врз друга, би достигнале до месечината.
Постојат околу 4 милијарди лего минифигури. Доколку би биле вистински луѓе, би биле најголемото население на светот, повеќе од Кина и Индија.
За време на Божиќната сезона, 28 лего сетови се продаваат секоја секунда.
Постојат лего коцки од вистинско злато. Во 1970-тите години, ЛЕГО произвел 14 каратни лего коцки како поклон за вработени во компанијата. Само неколку сеуште постојат и се највредните лего коцки.