Природен третман за зајакнување на косата

1 мин. читање

Состојки:

– масло од кокос

– масло од рицинус

-етерично масло од рузмарин

Измешај една лажичка масло од кокос, една лажичка масло од рицинус и 4-5 капки етерично масло од рузмарин. Смесата нанеси ја на скалпот и нежно масирај. Нанесувај еднаш неделно и остави да делува подолго време (одбери ден од неделата кога си дома подолго време) а потоа измиј ја косата.

Етеричното масло од рузмарин го спречува опаѓањето на косата и го поттикнува нејзиниот раст, ги активира ,,заспаните” фоликули на влакната, ја подобрува циркулацијата на скалпот, има силно антиоксидантно дејство што ги штити фоликулите од оштетување.

Маслото од кокос ја намалува загубата на протеини (кератин) од косата, го храни скалпот, спречува првут и ја штити косата од оштетување при чешлањето.

Маслото од рицинус ја подобрува циркулацијата на крвта во скалпот па повеќе хранливи материи стигнуваат до фоликулите на косата, има антибактериско и антифунгално дејство што го одржува скалпот чист и здрав. Создава заштитна обвивка околу влакното што ѝ дава волумен на косата.

Трите масла во комбинација доколку редовно се користат придонесуваат за здрав скалп, растење, зајакнување и згуснување на косата.