Колку време поминувате на вашиот телефон?

3 мин. читање

Истражувањата покажуваат дека просечен човек поминува околу 4 часа дневно на телефон,
ова се разликува кај генерација Z каде што времето поминато на телефон достигнува и до повеќе од 7 часа. Најголем виновник што не држи залепени за телефон се социјалните медиуми.

Кратките видеа како револуција во дигиталната ера

Во време на короната кога луѓето беа во карантин, се појави нова апликација која направи вистинска револуција со кратки видеа. Стариот начин на објавување слики и текст брзо се заборави, а алгоритмите на новото време обрнуваа повеќе внимание на обичните креатори, што претходно не беше случај. Сè повеќе луѓе се охрабруваа да застанат пред телефоните и да се снимат како играат на некоја песна која во моментот се сметаше за тренд на апликацијата.

Денес, пет години потоа сите сме зависници од кратките видеа повеќе или помалку.

Reels: Зависност на допамин како казино

 Кратките видеа функционираат слично како слот-машина, никогаш не знаеш кога ќе добиеш следно.

Во слот играта мозокот е опседнат со следниот обид, а истиот ефект се постигнува и со гледањето на reels. Конзуматорот е целосно посветен на видеата: првото видео е нормално, второто – смешно, следното – многу интересно, потоа доаѓа нешто досадно, а потоа повторно нешто многу интересно. Ова непредвидливо наградување го прави мозокот да сака уште.

Допамински удари

Секогаш кога ќе налетаме на добро видео добиваме мал удар на допамин.
Потоа нашиот мозок бара повеќе и се почесто исто како зависност.
Кратката форма на видеата функционира како брз хормонски циклус. Видеата од 10–15 секунди создаваат многу брз циклус, на пример: очекување – награда – следно видео – повторно очекување. Колку циклусот е побрз, толку мозокот полесно се навикнува.

Алгоритамот е дизајниран да ти го покажува тоа што го сакаш

Алгоритмите учат:
– Колку време гледаш;
– Што лајкуваш;
– На што реагираш;
– Што прескокнуваш;

И потоа ти нудат персонализирани награди.

За да се справиме со времето поминато на телефон, важно е да поставиме граници и свесно да го користиме дигиталниот простор. Ограничување на времето на Reels, користење на апликации за следење на активноста и одредување периоди без телефон може да помогне да се прекине зачарениот круг на бесконечно скролање и да се насочи вниманието кон реални активности и личен развој