Во недела фудбалско уживање под рефлектори за струмичани

1 мин. читање

Во недела на 14.09.2025 со почеток во 19:00 часот на градскиот стадион “Благој Истатов” во Струмица ќе се одигра натпревар од четвртото коло на втората македонска лига помеѓу екипите на ФК Беласица и Детонит Плачковица.

Натпреварот ќе биде одигран во вечерен термин што би требало да привлече уште повеќе љубители на фудбалот.

ФК Беласица со соопштение на социјалните мрежи ги кани сите да присуствуваат на спектакл под рефлектори и да го поддржат нашиот тим.

Беласица засега е лидер на табелата и целта оваа година сигурно е титула и влез во најсилната прва лига на Македонија.

Цената на картите ќе биде симболични 100 денари.