Во направеното испитување за косата кај 40 возрасни жени со дијагностицирано дифузно опаѓање на косата (телоген ефлувиум ) витаминот Д3 покажал надежни резултати . При нормална состојба опаѓањето на косата е околу 100 влакна дневно, а кај телоген ефлувиум опаѓањето е ексцесивно со 100-300 влакна дневно. Телоген ефлувиум може да биде акутна состојба во траење до 6 месеци и хронична во траење над 6 месеци.
Жени кои биле третирани со орален витамин Д3 во доза од 200.000 IU ( интернационални единици ) на секои две недели во траење од вкупно три месеци. По завршувањето на третманот и клиничките испитувања, 82,5% од жените покажале јасно подобрување, забележале видлив повторен раст на косата и намалено опаѓање на косата низ скалпот. По статистиката 8 од 10 жени забележале позитивни ефекти.
Студијата не броела поединечни влакна, туку се потпирала на клинички преглед и видливо подобрување, што е стандард за студиите за телоген ефлувиум. Резултатите, исто така, покажале дека подобрувањето било поизразено кај помладите жени и кај оние со поголема достапност на витамин Д3, како што се жените кои почесто биле изложени на сонце. Овие наоди сугерираат дека корекцијата на недостатокот на витамин Д3 може да помогне во ресетирањето на циклусот на раст на косата, дозволувајќи им на фоликулите – корените кои се заглавени во фазата на опаѓање да се вратат на активен раст.
