Вистината што боли

Сите вие кои можете да се напиете вода и да си кажете супер е водата, иста е како порано, игнорирајте го овој текст, не е за вас.

2 мин. читање

Истражувавме малку за проблемот што ги има Струмица со квалитетот на водата и наидовме на интересни изјави на политичари. Некои се со чисто политичка реторика и безидејност за да се надмине проблемот, додека други имаат содржина и го детектираат проблемот. Една таква изјава е изјавата на г. Цветан Трипуновски кој во тоа време според работното искуство презентирано на интернет страната на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија не бил вработен и ја дава како член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Во оваа изјава г. Трипуновски многу добро ги детектира околностите заради кои Струмица има проблем со водата. Сепак од 2020 година до денес доста работи се променија, а оваа изјава е сеуште валидна, сеуште постојат истите проблеми. Проблемите се истите само актерите се променети. Изјавата е уште валидна, а погледнато од денешна перспектива г. Трипуновски си дал остра критика на денешниот министер г. Трипуновски. Ги знае проблемите, треба да ги знае и решенијата или да консултира експерти за истото како што вели и во изјавата. Впрочем тоа денес му е и обврска затоа што е министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

При крај на видеото кажува една голема вистина која од осамостојувањето на државата па се до денес е иста и таа вистина боли.
“Државата и граѓаните се системски и трајно оштетени”