Сместете се удобно.
Затворете ги очите.
Вдишете длабоко… и полека издишете неколку пати.
Дозволете му на вашето тело, ум и емоции да се смират.
Замислете мирно езеро… или река што тивко тече.
Замислете спокој. Потполен мир.
Кога ќе се почувствувате подготвени, насочете ја вашата мисла кон значењето на љубовта – безусловната, чиста, Божествена љубов.
Оставете умот да биде отворен за сите нејзини форми, аспекти и длабочини.
Размислете за вашите лични искуства со љубовта… за целта на животот.
Што ве прави среќни? Што ви носи радост?
Колку често доживувате моменти на вистинска љубов?
Како знаете дека сте сакани?
Какво чувство ве исполнува кога ќе помислите на љубовта… на смислата… на вашата вистинска животна цел?
Набљудувајте ги овие мисли тивко, од различни агли.
Можеби ќе слушнете внатрешен глас… можеби ќе се појави слика пред вашите внатрешни очи.
Што ви значи љубовта?
Сетете се на некое големо, значајно искуство од вашиот живот.
На момент кој во вас разбудил возвишени чувства – миг кога сте биле благодарни што сте живи.
Замислете како изгледа љубовта во вашата иднина.
За што вреди да се живее?
Кои се вашите соништа?
Како од себеси ќе го извлечете најдоброто?
Многу луѓе сметаат дека безусловната љубов е невозможна – далечна идеја која не знаат како да ја достигнат.
Но безусловната љубов не доаѓа одеднаш. Таа започнува како искра – мисла, идеја, желба „тукa и сега“. Расте постепено, чекор по чекор.
Секогаш кога ќе направите добро дело…
кога ќе помогнете некому без да барате нешто за возврат…
кога најголемата награда ви е чувството дека сте направиле добро…
тогаш љубовта се раѓа и се зацврстува.
Љубовта ни е дадена за да ја споделуваме.
Да бидеме благослов за другите.
Замислете како ова чувство ве исполнува… како ве поврзува со најблиските, со вашата татковина, со целиот свет.
Дозволете вистинската љубов да се прошири низ целото ваше битие.
Да можете да се прифатите себеси.
Да си простите.
Да се почитувате – и да ги почитувате другите.
Да почувствувате како љубовта ви ја враќа внатрешната хармонија.
Кога ќе ги отворете очите, оставете чувството на безусловната љубов да остане со вас.
Прифатете го како суштински дел од вашата духовност – како нешто што нè поврзува со поголемо од нас.
И секогаш кога ќе ја почувствувате таа љубов, сетете се: тоа е вашето „Божествено јас“.
Зашто „Бог е љубов, и кој останува во љубовта, во Бога останува, а Бог останува во него“.