Блок 41/1: Урбанизација од 1,6 милиони евра

2 мин. читање

Февруари месец на урбанистичка офанзива. Во периодот од 03.02.2026 до 20.02.2026 Општина Струмица потпиша тендерски договори во вредост од 1,6 милиони евра за урбанизација, изградба на патна инфраструктура, за урбан блок 41/1. Со тоа општината потврдува дек урбанизацијата на Струмица продолжува во истото темпо како до сега.

На 03.02.2026 се склучени следните два договора и тоа: 23492/2025 – Изградба на дел од сервисна улица број 2 во УБ 41/1, општина Струмица во вредност од 16.666.068 денари или 270.000 евра. Вториот договор 23111/2025 – Изградба на дел од сервисна улица број 1 во УБ 41/1, Струмица во вредност од 17.853.692 денари или 290.000 евра

На 05.02.2026 е склучен договор 23613/2025 – Изградба на станбена улица бр.9 во урбан Блок 41/1, Струмица во вредност од 11.829.948 денари или 192.000 евра.

На 09.02.2026 се склучени следните два договора и тоа: 23326/2025 – Изградба на дел од станбена улица број 4 во УБ 41/1 – Општина Струмица во вредност од 10.001.853 денари или 162.000 евра. Вториот договор е 23491/2025 – Изградба на станбена улица број 5 во УБ 41/1 во вредност од 9.656.939 денари или 157.000 евра.

На 12.02.2026 е склучен договор 23702/2025 – Изградба на дел од сервисна улица бр.14а, во урбан Блок 41/1, Струмица во вредност од 26.404.812 денари или 429.000 евра

И на 27.02.2026 е склучен договор за 23633/2025 – Изградба на дел од станбена улица бр.6 во урбан блок 41/1, општина Струмица во вредност од 6.127.631 денари или 99.000 евра.

Извори:
Е-набавки договор 23492/2025
Е-набавки договор 23111/2025
Е-набавки договор 23613/2025
Е-набавки договор 23326/2025
Е-набавки договор 23491/2025
Е-набавки договор 23702/2025
Е-набавки договор 23633/2025