Дванаесеткратниот шампион на Македонија, ОК Струмица непрепознатлив. Некогашниот најголем ривал без посебен напор не совлада на домашен терен. УГД Штип го зема првиот сет со 12:25. Во вториот сет одигравме 13:25. Во третиот се појави искра надеж и го зедовме со 25:21 за на крај во четвртиот да ни биде запечатена содбината со 9:25. Конечниот резултат во сетови 1:3 за УГД Штип.
Ок Струмица е далеку од својата препознатлива доминантност. Се појасно е дека за прв пат по 8 години по ред шампиони оваа година ќе потфрлиме. Со ова и Општина Струмица го губи и единствениот прволигашки шампион во групните натпреварувања. Ќе следуваат анализи за тоа што се случи со неприкосновената ОК Струмица.