ССМ организира превоз за големиот протест на 14 март

1 мин. читање

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) упати повик до сите работници и граѓани за масовно учество на големиот протест за зголемување на платите кој ќе се одржи на 14 март во Скопје. Протестниот марш ќе започне симболично во 12:05 часот пред Работничкиот дом, а за сите оние кои доаѓаат од внатрешноста на државата, синдикатот веќе организира логистичка поддршка и превоз.

Секретарите и координаторите на ССМ во сите градови се веќе на располагање за сите заинтересирани на кои им е потребен организиран превоз до главниот град. За Струмица координатор е Бранко Г. За пријавување и било какви информации може да го контактирате на 071 417 550 најдоцна до петок до 10:00 часот.

Извори:
ССМ изјава
ССМ координатор