За утре најавени прекини во снабдувањето со електрична енергија

2 мин. читање

На ден 29.10.2026 (утре) најавени се планирани преќини во снабдувањето со електрична енергија и тоа:

од 09:00 до 15:00
Поради зафати во ТС, на ден 29.10.2026 година (четврток), во период од 09:00 до 15:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците на дел од ул. Елка Јанкова од ФОН до раскрсница со ул. Киро Абрашев, дел од ул. Киро Абрашев (бараки) до раскрсница со ул. Ѓорги Василев (Месара Ѓозо), дел од ул. Младинска од ФОН до ОУ „Никола Вапцаров“, дел од ул. Ѓорги Василев од Градинка Клон 6 кон раскрсница со ул. Ристо Ќурчиев, Маркет Шпар ул. Младинска бр. 160 и Градинка Клон 6.

од 11:00 до 12:00
Заради планирани зафати во СН мрежа на ден 29.10.2026, четврток, во периодот од 11 ч до 12 ч без напојување со ЕЕ ќе бидат корисниците на ул. Антон Панов, ул. Мара Минанова, дел од ул. Младинска (од раскрсница со ул. Ристоман Попчевски до раскрсница со ул. Ѓорги Упчев) и дел од бул. Маршал Тито (од раскрсница со ул. Ристоман Попчевски до излезот од градот).

И на ден 30.10.2026 од 05:00 до 06:00
Поради зафати во трафостаница 110/10kV, на ден 30.10.2026 година во период од 05:00 до 06:00 часот, без напојување со ел. енергија ќе биде поголем дел од градот, ул. Младинска, бул. М. Тито, бул. Г. Делчев, бул. Балканска и др., КЕЦ Струмица, Здравен дом, ЈЗУ Општа болница, Неметали Огражден, х. Сириус, х. Цар Самоил, с. Костурино, с. Мемешли, с. Орманли, с. Дорломбос, с. Раборци, с. Попчево, с. Белотино, с. Триводи, с. Банско, с. Куклиш, с. Свидовица, с. Сачево, с. Робово, с. Муртино, с. Еднокуќево, с. Г. Балдовци и др.

Извор:
– web стрна на електродистрибуција