СВР Струмица поднесе кривични пријави против правно лице од село Борисово, општина Ново Село, и неговиот управител, поради основано сомнение за сторени кривични дела по членот 95-в, ставовите 1 и 2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.
При контрола во просториите за складирање, спроведена во соработка со комисија од Министерството за здравство, бил утврден недостиг од 7.813,49 килограми сув цвет од медицински канабис без соодветна документација, како и недостаток на друга задолжителна и кадровска евиденција.
Извор:
– Facebook страна на МВР