Четворица струмичани приведени за палењето на „Ланд Роверот“

1 мин. читање

Полициски службеници од СВР Струмица на 21 и 22 февруари 2026 година лишија од слобода четири лица под сомнение дека го подметнале пожарот во возило „Ланд Ровер“ во Струмица. Станува збор за Д.Г.(19) од село Секирник, Р.П.(38) од село Владевци, А.Т.(26) од село Еднокуќево и К.Г.(19) од Струмица.

Во текот на вчерашниот ден, со судска наредба, биле извршени претреси во домовите на тројца од приведените при што се пронајдени дополнителни докази и наркотични средства. Во домот на Р.П. полицијата пронашла остатоци од марихуана, додека кај А.Т. била откриена кафеава грутчеста материја за која тој изјавил дека е хашиш. При претресот кај деветнаесетгодишниот К.Г. биле одземени делови од облека, за кои постои сомнение дека ги носел за време на извршувањето на кривичното дело.

За сите преземени мерки е запознаен јавен обвинител, а од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека по целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави против инволвираните лица.

Извор:
Facebook страна на МВР