ВМРО – од идеја до независна Македонија

Средба во Осоговските Планини. 24 март 1903 година

2 мин. читање

На овој ден во 1893 година истакнати интелектуалци од Македонија го означуват почетокот на организираното македонско револоционерно движење против Османлиската Империја. Д-р Христо Татарчев (претседател), Петар Поп Арсов , Иван Хаџи Николов, Андон Димитров и Христо Батанџиев со една цел борба за издвојување на политичка автононија на Македонија и Одринско преку општонародно востание, до независна македонска држава.

МРО денес е име кое треба да ги обединува сите, и леви и десни, за жал тоа не се случува. Ќе дадеме и краток опис на војводите од фотографијата која беше избрана за насловна фотографија за најавената изложба по повод на државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Средба во Осоговските Планини. 24 март 1903 година.

Седат:

  • Панајот Бајчев – револоционер на ВМОРО – кумановски војвода – роден во Видин (денешна Република Бугарија)
  • Питу Гули, – македонски револуционер од влашка народност, – роден во Крушево
  • Коста Мазнејков, револуционер на ВМОРО – роден во Струмица
  • Христо Чернопеев, војвода на Македонската револуционерна организација, еден од поистакнатите нејзини дејци, а подоцна станал пратеник во Бугарското народното собрание, учесник во Балканските војни и Првата светска војна. – роден во Дерманци (денешна Република Бугарија)
  • Андреј Христов, револуционер ВМОРО– роден во Велес
  • Тодор Христов. револуционер на ВМОРО – роден во Софија (денешна Република Бугарија)

Стојат:

  • Никола Жеков, – револуционер на ВМОРО – радовишки војвода – роден во Стара Загора (денешна Република Бугарија)
  • Константин Кондов, револуционер на ВМОРО – роден во Прилеп
  • Сотир Атанасов, Бугарски офицер (полковник), револуционер и војвода на Врховниот македонско-одрински комитет. Роден во Клисура (денешна Република Бугарија).
  • Тимо Ангелов, – револуционер на ВМОРО – роден во Берковица (денешна Република Бугарија).
  • Никола Дечев, – револуционер на ВМОРО – роден во Стара Загора (денешна Република Бугарија).
  • Никола Сарафов. – револуционер на ВМОРО, роден во Саса (денешна Република Македонија)

Во продолжение и одбележувањето на празникот во Струмица: