На денешен ден 1865 година во Прилеп е роден Григор Ќуркчиев, македонскиот генерал и висок воен деец во бугарската армија.
На 12 годишна возраст се преселува во Ќустендил, каде учи во локалната гимназија до 1882 година, по што на 5 октомври 1882 година го посетувал Военото училиште во Софија. Учествувал во српско-бугарската војна, борејќи се кај Сливница, Драгоман и Пирот. Одликуван е со Воен крст „За храброст“ III степен.
На 3 декември 1885 година бил унапреден во чин потпоручник. Служи во 7-миот Преславски пешадиски полк. На 7 јуни 1888 година бил произведен во чин поручник, во 1892 година во чин капетан, а во 1900 година е командант на чета на 8-миот резервен полк. На 2 август 1903 година бил произведен во чин мајор, а од 1908 година е потполковник. Служи во 18-миот Воздушно-десантен пешадиски полк.
Учесник во Првата (1912-1913) и Втората балканска војна (1913 година). Како и во Првата светска војна (1915 – 1918) како командант на Втората пешадиска бригада на познатата 11-та Македонска пешадиска дивизија, а во 1917 година бил унапреден во генерал-мајор. Наредбата за нејзиното создавање била донесена на 22 август 1915 година, а името 11-та Македонска пешадиска дивизија било дадено на 12 септември истата година. На првиот ден од формирањето на дивизиjата имало 34.745 офицери и војници. Дивизијата би составен претежно со генерали, офицери и војници од Макеоднија.
Генерал-мајор Григор Ќуркчиев загинува во нападот врз црквата Св.Недела во Софија на 16 април 1925 година. Нападот врз црквата Св.Недела е најголемиот терористички чин во историјата на Бугарија, бил извршен на 16 април 1925 година, од страна на група оперативци на Воената организација на Бугарската комунистичка партија, кои го кренале во воздух покривот на црквата.