Маичките за Струмица на улица 2026: Инспирација од Царевите кули и Астраион

1 мин. читање

Со одбројувањето до овогодинешното издание на „Струмица на улица – Sunday Run 2026“, организаторите официјално го претставија визуелниот идентитет на официјалната маичка во која ќе трчаат над 400 учесници на улиците низ Струмица.

Зад овогодинешниот одличен дизајн стои моќна симболика – главната инспирација е извлечена од богатата историја на градот, со јасна порака дека секој учесник е ѕвездата на овој настан.

Кога тркачите ќе ги заземат своите стартни позиции, со себе ќе носат два главни мотиви кои го дефинираат идентитетот на Струмица, Цареви кули и Астраион – енергија што ќе го раздрма градот!

„Оваа година сакавме маичката да биде сувенир за сите кои трчаат низ улиците на Струмица. Во недела, на 1 ноември, сите ние заедно ќе ја направиме Струмица да блеска. Зад секој истрчан километар, секој личен рекорд и секоја искрена насмевка стои енергијата на нашите учесници“, порачуваат од организацискиот тим.

Официјалната маичка е дел од стартниот пакет за сите регистрирани учесници кои успеаја да го резервираат своето место до 18.10 (недела).