Прогласување на победниците од фото – конкурсот „Мојата убава Струмица“

1 мин. читање

Успешно заврши фото-конкурсот „Мојата убава Струмица“, кој ги обедини љубовта кон нашиот град, креативноста и окото за детали на голем број автори.

Искрено му се заблагодаруваме на секој еден од вас кој зеде учество и испрати свои фотографии. Пристигнаа прекрасни кадри кои ја прикажаа Струмица во целата нејзина убавина — од препознатливите градски обележја и живописните улици, до природни убавини и моментите уловени во секојдневието. Изборот беше исклучително тежок токму поради високиот квалитет и емоцијата што ја носи секоја пристигната фотографија.

Ви благодариме што ни покажавте колку е убав нашиот град.

Во продолжение ќе ги објавиме имињата на Facebook профилите со фотографиите.

Kostadin Ristomanov
Ivana Angova
Margarita Krstevska
Jameson Pegg
Ance Rizovska

За информации околу подигањето на наградите, победниците ќе бидат контактирани во текот на оваа работна недела.