Редот на драконот е витешки ред основан во 1408 година од унгарскиот крал а подоцна и император на Светата Римска империја Сигизмунд (Sigismund). Членството во Редот е исклучително престижно и е голема чест давана по заслуги. Знакот за препознавање на членовите на редот е медалјон во форма на змеј.
Како и останатите витешки редови и редот на Змејот претставуваат специфичен облик на витешко удружување, кој е заснован на христијанските традиции, а основната цел на сите средновековни витешки редови е борбата против ,,непријателите на христијанството“ (муслиманите, еретиците или паганите).
Основен темел за разавојот на витешките редови, дале крстоносните походи. Поголем број од крстоносците биле витези кои биле желни за авантура, од различни западноевропски христијански држави, кои на повик на папата се упатиле на војна со Арапите (Сарацените), поради создавање христијанско кралство на Блискиот исток. Нивниот животен стил е темел, на кој никнале подоцнежните витешки редови, меѓу кои најмногу се одвоиле: Јовановците (Хоспитлари), Темпларите, Тевтонците и други.

Во Будим на 12 декември 1408 гоидна бил основан витешкиот ред на Змејот, а иницијатори за оснивањето на истиот се јавуваат Сигисмунд и неговата жена Барбара Цељска. Редот на Драконот се одликувал со доста лабава организација, затоа што не имал изразен религиски карактер. Поставените стратешко-политичка цел била заштита на династијата ,,луксенбурговци“ и нејзиното наследство, како и борба против Турците. За разлика од другите витешки редови, неговото јадро го сочинувале највлијателните благородници и кралеви на тогашна Европа.
На оснивачката повела на Редот се наоѓат имињата на 22 витези, како и Сигисмунд и неговата жена Барбара, а истиот бил стално прошируван во периодот до 1418 година. Посебно признание за Редот на змејот, пристигнало на 24 јули 1433 година, од страна на римскиот папа Евгениј (1431-1447).
Во 1431 година Сигизмунд донел одлука да го прошири редот, поради тоа тој повикал голем број на тогашните влијателни политички фигури и воени вазали да станат членов на витешкиот ред на Драконот. Воведеувањето на нови членови довело до создавање на различни класи. Секоја класа имала мала варијација во симболот, иако фигурата на змејот сè уште била доминантна. Како што растело членството, Редот на Драконот дошол до два степени. Имало супериорна класа, која била составена од 24 членови, кои го носеле симболот на змејот и крстот, истите биле витези од прв, т.н. златен ред. Вториот степен имал голем број на членови, а нивниот симбол бил само змејот, тие биле витези од втор, т.н. сребрен ред. Витезите од Првиот ред според статутот можеле да именуваат витези од Вториот ред, но било какви детални протоколи за работата на Редот не се сочувани до денес.


Редот на Змејот уште од своето основање го прифатил својот аблем, претстава на змеј чија опашка е обмотана околу неговиот врат. Додека на грбот, од вратот до крајот на опашката бил претставен црвен крст на Св.Героги, кој бил поставен на златна позадина. Со ширењето на редот биле употребувани разни варијанти на змејот и крсто. Симболот бил претсавуван на значки, ѓердан и печат, а витезите носеле плави наметки од свила или сомот. Некој од симболите на Редот се наоѓаат и на други предмети на витезот, на пример: на ножеви, мечеви, штитови, семејни грбови и сл.
Членовите во редот биле од различни националности: германци, унгарци, англичани, шпанци, хрвати, полјаци, литванци, италјани, срби, романци, бугари и др. Познато е, исто така, дека посведочените витези од првиот ред биле претставници од прочуените владетелски и велмошки фамилии, меѓу кои биле и деспотиоте Стефан Лазаревиќ и Ѓураѓ Бранковиќ, потоа Стефан Косача и Сандал Хранич – големи војводи на Босна, Фружин – син на бугарскиот цар Иван Шишман, Хрвоје Вукчич – бан на Хрвтска и голем војвода на Босна, Фридрих II Цељски па дури и влашкиот војвода Влад Дракула (војвода на Влахија). Според правилникот, секој од нив имал право да собере дружина од по 50 благододни луѓе кои делеле иста идеја и да ги украсат со знакот на драгонот. Пример за тоа се прстените од витешки тип, со претстава на драконот и кои меѓу другото служеле како печати.
Со археолошките истражувања на неколку доцносредновековни некрополи во Струмица и струмичко, откриени се неколку примероци на прстени од витешки тип. Овие прстени се со плочести глави на кои е врежана претстава на змејот. Со оглед на витешкиот облик на дел од прстените, се наметнува и прашањето за можното егзистирање на редот и во средновековна Струмица. Витешки прстени со претстава на змеј се откриени на некрополите Водоча и Св.15 Тивериополски маченици.

Во некрополата Водоча, која го носи името на истоимената населба, досега се откриени два витешки прстени. Оваа некропола се простира на манастирскиот кломплекс, Водочки цркви – Св.Леонтиј, каде меѓу другото се наоѓало седиштето на средновековната Струмичката епископија.
Во две погребувања од 15 век на оваа некропола се откриени два витешки прстени. Во гроб 489 од некрополата Водоча е откриен сребрен прстен, на чија елипсовидна плочеста глава е врежана стилизирана претстава на змеј. Змејот е претставен со тело на змија, пердувести крилја, две птичји нозе, висок врат, долга муцка со отворена челуст и со рогови.


(предметот е изложен во постојаната поставка на Музеј Струмица)
Во гроб 295 од некрополата Водоча е откриен уште еден прстен кој по својата форма, без сомнение, припаѓа на витешките прстени, кои служеле за печати. Прстенот е многу изабен од долготрајната употреба, па дури и откршен во долниот дел. Главата е елипсовидна, рамна, со врежан печат во форма на стилизирана претстава на змеј. Несомено дека овие дват прстени откриено во Водочката некрополата се со карактеристичната форма и се поврзуваат со витешкиот ред на драконот.


(предметот е изложен во постојаната поставка на Музеј Струмица)
Во гроб 295 покрај прстенот откриен е боздоган од типот шестоперец. Според обликот боздоганот го сместуваме во помалите примероци, односно на оние што ги употребувале коњаниците како помошно, ударно оружје за борби од близу. Според аналогиите како и од стратиграфскиот слој во кој е откриен боздоганот го датираме во првата половинана 15 век.

(предметот е изложен во Археолошки музеј на Македонија – Скопје)
Поседувањето на боздоган е потврда дека станува збор за човек од висок род, за цивилен или воен достоинственик. Боздоганот покрај тоа што се упоребувал како ударно оружије, па се до почетокот на XVI век, симболизирале висок општествен статус, според нивниот изглед кој потсетува на скиптар или жезол.
Младото момче кое било погребано со бозодганот и витешкиот прстен, несомнено било потомок на видни достоинственици, веројатно, од класата на ситното христијанско благородништво, наследници на средновековните пронијари. Овие семејства и во првите векови од османлиското владеење располагале со своите наследни имоти за кои во турските пописни дефтери се употребува словенскиот термин ,,баштине’, а тие самите се нарекувале ,,баштинари“. Од нивните редови, дел се регутирале и биле обврзани на повик да се приклучат во воените походи на турската војска.


(предметот е изложен во постојаната поставка на Музеј Струмица)
На локалитетот Св.15 Тивериополски маченици е откриен уште еден прстен со вешта претстава на змеј, изработен од сребро со позлата. Манастирските комплекси Св.15 Тивериополски маченици, како и Св.Леонтиј во Водоча се едни од најзначајните средновековни духовни центри во Македонија.
По освојувањето на Струмица од страна на Османлиите, положбата и значењето на градот значајно се менува, таа останала длабоко во територијата на Османската империја. Во првите неколку децении, дел од христијанското благородништво ги зачувало своите права, во некаков вазален однос спрема новите владетели, ги задржале своите поседи и делумна власт, а кај дел од нив допрела и идејата за издигнување на витешкиот Ред на драконот.
Од овде секако би си го поставиле прашањето, како редот на драконот добил претставници и во средновековна Струмица?
Еден од можните одговори на оваа прашање може да го добиете подолу во приложените Извори.
Извори:
– Академиа – The Knighte order of the the dragon – Possible representatives of medieval Strumica
– Академиа – The Knighte Order of the Dragon – Possible representatives of medieval Strumica, The Armiger’s News
– Википедиа – редот на Драгонот