Утре, вторник (28 октомври 2025) од 19:00 часот по локално време во Букурешт (18:00 во Скопје), OK Струмица ќе го одигра реванш-натпреварот против Dinamo București во рамки на CEV Champions League.
По првиот дуел одигран во салата „Јане Сандански“ – Скопје, OK Струмица патува во Букурешт со јасна цел: да прикаже зрела игра на европската сцена и да продолжи со планот за развој на младата генерација. Оваа сезона клубот настапува со млади играчи, поткрепени со искуството на репрезентативните легенди Владо Милев, Филип Маџунков и Тиме Ричлиев.
„Ние инвестираме во иднината. Сакаме нашите млади да растат преку вакви натпревари и да ја изградиме следната репрезентативна основа од Струмица,“ изјавуваат од клубот.
Иако првиот натпревар заврши во корист на ривалот, резултатот не ја менува стратегијата на струмичани: долгорочно создавање и афирмација на талентот, дисциплина и тимска игра. Клубот останува посветен на спортски вредности и транспарентна работа, со силен фокус на развој наместо на финансиска надмоќ.
Детали за натпреварот:
– Натпревар: CEV Champions League, Dinamo București – VC Струмица
– Датум и време: вторник, 28.10.2025, 19:00 (Букурешт)
– Локација: Букурешт, Романија