член 19 од уставот на Република Северна Македонија:
Се гарантира слободата на вероисповеста. Се гарантира слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата. Македонската православна црква, како и Исламската верска заедница во Македонија, Католичката црква, Евангелско-Методистичката црква, Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред закон. Македонската православна црква, како и Исламската верска заедница во Македонија, Католичката црква, Евангелско-Методистичката црква, Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се слободни во основањето на верски училишта и на социјални и добротворни установи во постапка предвидена со закон.
Секое лошо момче ќе рече дека законите постојат за да бидат прекршени. Во тој дух денес Викарниот Епископ Стобиски Јаков на покана на директорите ги посети ЈКП,,Комуналец”-Струмица и ПШС,,Беласица”-Струмица. Тој ги сослуша предизвиците со кои секојдневно се соочуваат вработените во двете претпријатија, нагласувајќи дека Црквата е секогаш тука да им биде прибежиште и духовна потпора.
Во идеална околина дури ни партиите не би требало да имаат влијание врз работата на државна институција, а каму ли свештенство од било која религија. Државните институции мора да се раководат само по закон донесен од народните избраници и никако на друг начин, најмалку по религиски принципи. За да се разбере сериозноста на вмешаноста на одредена религија и партија во работата на државните претпријатија само за момент да замислиме како оџа е повикан да ги сослуша предизвиците со кои се соочуват вработените во театарот.
Извори:
– Устав на РСМ
– Facebook страна на Тивериопол