Закажано – откажано како одлична најава за К-15

1 мин. читање

Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ја извести јавноста за ненадејната измена во филмскиот репертоар закажан за овој четврток, 12 февруари 2026 година. Иако кај публиката владее огромен интерес за документарниот филм „Приказната за Силјан“, кој деновиве е на врвот на својата популарност, институцијата одлучи во терминот од 20.00 часот наместо најавеното остварување да го прикаже документарниот филм „К-15: Од другата страна“. Од центарот не наведуваат конкретни причини за ваквата одлука, па гледачите кои планираа да ја проследат приказната за Силјан, овој четврток ќе се сретнат со содржината на „К-15“.

Билетите по цена од 250 денари може да се купат онлајн на страната на центарот за култура Антон Панов www.antonpanov.mk или на билетарница од 13.00 до 20.00 часот.

Извор:
Facebook страна на НУЦК Антон Панов