Општина Струмица ги известува сите заинтересирани страни за објавувањето на неколку јавни повици наменети за развој на локалната заедница во текот на 2026 година. Сите детални информации за критериумите, потребната документација и роковите за аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Општина Струмица и на огласната табла во просториите на локалната самоуправа. Во продолжение јавните повици на општина Струмица.
- ЈАВЕН ПОВИК за поднесување барања за користење на јавни површини за време на манифестацијата „Струмички карневал
- ЈАВЕН ПОВИК – Избор на Партнерска организација – економски оператор (правен субјект/организација– Консултант) заради реализација на Активноста 1.2. Креирање на дигитална алатка – Општинска база за собирање и ажурирање на податоци и информации од исклучителна важност за локалниот економски развој, туризмот и земјоделието на Општина Струмица за 2026 година од Мерка бр 1 Обезбедување одржлив економски развој и конкурентни инвестициски можности, дел од областа Унапредување и развој на локалната економија, составен дел на Програмата G1 Поддршка на ЛЕР во 2026 година
- Јавен повик за избор на партнерска организација – економски оператор (правен субјект/организација– Консултант) заради реализација на Активност бр 1.1.Подготовка и изработка на „Стратегија за Локален економски развој и туризам на Општина Струмица 2026-2031“ со Акциски план (2026-2031)
- Јавен Повик до спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот од Општина Струмица.
Извори:
– Повик број 1 на општина Струмица
– Повик број 2 на општина Струмица
– Повик број 3 на општина Струмица
– Повик број 4 на општина Струмица