Роденден на воскреснатите ѕверови: волците Dire ја слават својата прва година во новиот свет

По 10.000 години тишина двата машки Dire волци клонирани од ДНК стари илјадници години, овој месец полнат една година!

2 мин. читање

Овој месец светот слави историски момент – двата машки Dire волци, Ромул и Рем, клонирани преку револуционерниот проект на Colossal Biosciences, го одбележуваат својот прв роденден.

За да го реконструираат геномот на дир волкот, научниците на Colossal Biosciences користеле ДНК изолирана од два фосила: заб стар 13.000 години пронајден во Sheridan Pit, Охајо, и внатрешно уво (петрос) старо 72.000 години откриено во American Falls, Ајдахо. Овие примероци биле добро зачувани, што овозможило детален генетски анализи и идентификување на клучни разлики во геномот што ги разликуваат дир волците од денешните сиви волкови.

Денес Ромул и Рем живеат на огромен резерват од 2.000 акри во Северна Америка, каде што внимателно се следи нивниот развој. Двајцата се во одлична здравствена состојба, тежат повеќе од 54 килограми, и веќе покажуваат природни инстинкти, социјална интеракција и територијално однесување – нешта што не биле видени во последните 12.500 години.

Colossal Biosciences планира да продолжи со создавање на нови генерации дир волци, со цел понатамошно истражување на нивната адаптација и улога во екосистемите. Досега вкупно се креирани 3 волци, Калиси, женското младенче од проектот, е родена подоцна, на 30 јануари 2025 година. Овие напори се дел од пошироката стратегија за воскреснување на изумрени видови и еколошка обнова.