Колку земаме а колку даваме

Споредба на цените кај нас и во двете соседни држави каде нашите сограѓани најчесто пазарат.

2 мин. читање

Пред да направиме споредба на цените на некои продукти кај нас и во соседните држави ќе дадеме краток осврт на тоа колку во просек заработуваат граѓаните во трите држави. Во Македонија пресечната плата според државниот завод за статистика изнесува 45.310 денари или околку 740 евра, во Бугарија просечната плата изнесува 1.247 евра а додека во Грција 1.380 евра. Исто така во Македонија загрижува и процентот на луѓе кои земаат плата пониска од просечната плата, а доста често и минимална плата која изнесува 24.379 односно нешто помалки од 400 евра.

Споредувајќи ги цените кај нас и во соседните држави дојдовме до заклучок дека граѓаните на Македонија не ретко плаќаат повисока цена за исти или слични продукти за разлика од потрошувачите во соседните земји. Дел од луѓето кои пазарат во соседните држави, членки на ЕУ, истакнуваат дека одредени производи се со подобар квалитет и дека регулацијата на производството во ЕУ е со високи стандарди. Исто така и луѓето со диабет често пазарат од соседните држави каде има цели рафтови посветено на нив.

цени во МКДМКБГГР
Маслинов зејтин399492171
Пилешко филе469377276
Виски Џејмисон1.749781959
Свинско ребро393246245
Прашок Персил400240200

Извори:
Државен завод за статистика
Тинекс Македонија
Метро Грција
Кауфланд Бугарија