Позначајни видови риби од водите во Македонија

4 мин. читање

ФАМИЛИЈА SILURIDAE

Сом-Silurus glanis е риба со огромни размери која може да достигне должина до 5 метра и телесна тежина од 500кг.Претставува најголем и најизразен предатор на нашите води.Живее на дното на истечните и застоените води,добро обраснати со вегетација.Се сретнува поединечно во поголеми длабочини.Сомот бара топли води и тињесто меко дно.Дење мирува а ноќе бара храна.Во првата и втората година се храни со зоопланктон и бентос а во третата година започнува со предаторски начина на исхрана.Во есен сомот привршува со хранење и се сместува во јами заради зимско презимување.

Американско џуџесто сомче-Ameiurus nebulosus потекнува од Северна Америка.Типичен предаторкој се храни со икри и младенчиња на други риби.Може да порасне до 800 г.

ФАМИЛИЈА ANGUILLIDAE

Јагула-Anguilla Anguilla се карактеризира со змијолико издолжено тело,без или со ситни лушпи, со споени грбна,опашна и анална перка.Има голема адаптициона способност,така што може да живее во слатка и солена вода,а може да опстане на суво и студено место и до 2 дена.Една третина од животот јагулата го минува во слатките води,а се мрести во солените води на Атланскиот океан ,минувајќи пат од 5000 до 7000км.Излежениот подмладок повторно допливувадо устијата на големите реки на Европа и Северна Африка,каде што мажјаците остануваат во морската вода а женките мигрираат долж речните течениа.Достигнува должина до 1,5 м.и тежина од 6 кг.

ФАМИЛИЈА SALMONIDAE

Пастрмката :Salmo trutta fario се јавува во два подвидови и тоа како поточна и како езерска.Поточната пастрмка е чироко распространета во студените планински води,со чиста вода богата со кислород.Се мрести од септември до март,најчесто во ноември и декември,на плитки места и икрата ја закопува.Живеат до 12 години и можат да достигнат тежина од 12кг. Езерската пастрмка е застапена во езерата со чиста вода и ниска температура.

Охридска пастрмка:Salmo letnica Karaman е ендемична во Охридското Езеро.Охридската пастрмка е полиморфен вид риба која се издефернцирала во 4 лесно препознатливи групиединки-екофенотипови.

Калифорниска пастрмка:Oncorhynchus mykkis Richardson е најпознат вид ладноводна риба.Таа е микс од неколку пастрмски риби од Северна Америка кои денес едвај можат да се најдат како чисти линии.Името”виножитна” го добила по широкиот појас на карактеристични црвено-портокалови пруги од главата до опашната перка,со бои на виножито.

ФАМИЛИЈA CYPRINIDAE

Бел амур:Ctenopharyngdon idella по потекло е од Далечниот Исток,средниот и долниот тек на реката Амур.Населува топли води со многу планктон и макровегетација.Се движи во јата и е хербивор.

Крап:Cyprinus carpio ги населува мирните стоечки води,места обраснати со вегетација.Полова зрелост достигнува втората и третата година.Крапот може да живее и неколку децении а во нашите води се мрести во мај.Крапот е омнивор и има широк спектар на исхрана.

Бел толстолобик ,бел или обичен главаш :Hypophthalmichthys molitrix ги населуватоплите води,богати со фитопланктон.Сака отворени води и се задржува на длабина од 1 до 2м.

Сив толстолобик,сив илишарен главаш :Aristichthys nobilisналикува на белиот толстолобик,но е поголем и има поголема глава.Како храна користи фито и зоопланктон.

Автор:
Има дипломирано на факултетот за ветеринарна медицина на универзитетот св. Кирил… повеќе