Брзата интервенција на струмичките пожарникари спречи поголема штета во куќа во Босилово

1 мин. читање

Денес, 18 март 2026 година, во 12.00 часот, Територијалната противпожарна единица од Струмица успешно интервенираше на гаснење пожар во селото Босилово. По добиената пријава за запалена просторија во куќа, на терен веднаш излегоа четворица пожарникари-спасители со едно противпожарно возило.

Пожарот беше целосно изгаснат за многу кратко време по пристигнувањето на екипата, со што беше оневозможено негово ширење низ останатите простории во куќата. Благодарение на професионалноста и навремената реакција на пожарникарите, спречено е причинување на поголема материјална штета на објектот.

Извор:
Facebook страна на ТППЕ Струмица