Покрај бројните сведоштва и извори што го потврдуваат тоа, постои и јасен запис од германскиот зоолог и патеписец Франц Дофлајн, кој во 1917–1918 година престојувал и истражувал во Македонија.
Неговото дело „Македонија: доживувања и набљудувања на еден природонаучник во придружба на германската војска“, објавено во 1921 година во Германија, се смета за еден од најобемните и најдетални странски трудови за Македонија, исполнет со прецизни набљудувања и богата фактографија.
Во 1918 година, за време на неговиот престој во Струмица, тој запишува:
„…Градот Струмица лежи на специфичен начин во карпест предел; над него се издигаат урнатините од една тврдина. И во самото градско подрачје има многу разрушени куќи. Стрмно и голо се издига ридот зад градот; ретка вегетација од грмушки е расфрлана по неговиот каменит пад. Само во клисурата може да се забележи нешто повеќе зеленило. Од оваа бледа позадина силно се истакнуваат светлата купола на една џамија и две БЛЕСКАВО БЕЛИ христијански цркви…“
Во прилог е и оригинална фотокопија од страницата од која е преземен овој извадок.
Историјата и културното наследство не се префарбуваат — се почитуваат.

