Непријатен мирис на чад се шири од запалената депонија кај Еднокуќево

1 мин. читање

Пожарот на депонијата во селото Еднокуќево предизвика сериозно загадување на воздухот и непријатен мирис на чад кој уште од вчерашните попладневни часови, во текот на ноќта и утрово интензивно се чувствува во целата струмичка околина. Екипите на Территоријалната противпожарна единица Струмица веќе неколку пати интервенираат на теренот, работејќи непрекинато на локализирање и целосно гаснење на пламенот. Пожарите од овој тип претставуваат сериозна опасност за животната средина и здравјето на граѓаните поради долготрајниот и отровен чад што се шири низ целата котлина.

Како реакција на честите пожари на депониите и загадениот воздух, драмскиот уметник Стојан Велков – Трн најави дека ќе одржи протест во 5 до 12 пред зградата на Општина Босилово, испраќајќи порака за итно решавање на овој долгогодишен проблем и апелирајќи за поголема одговорност кон животната средина.

Извори:
– Facebook страна на ТППЕ Струмица