На 9 октомври 2026 година, со почеток во 11:00 часот, во Домот на Општина Босилово се одржа манифестација по повод приемот на првачињата во Детската организација, во рамките на одбележувањето на Детската недела.
На манифестацијата присуствуваше градоначалникот на Општина Босилово, г. Ристо Манчев.
Во програмата учество зедоа учениците од ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово, ООУ „Кирил и Методиј“ – Иловица и ООУ „Борис Трајковски“ – Моноспитово.
Посебен момент на манифестацијата беше свеченото ветување на првачињата, со кое тие го одбележаа својот прием во Детската организација и симболично го започнаа новото поглавје од својот училиштен живот, исполнето со учење, пријателство, дружење и детски радости.
Манифестацијата помина во духот на детската радост и заедништвото, потсетувајќи на важноста од почитувањето на детските права и создавањето услови за среќно и безгрижно детство.