Тиранинот е мртов

1 мин. читање

На 9 октомври 1934 година, во Марсеј, беше убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, кој пристигнал во официјална посета на Франција.

Францускиот министер за надворешни работи Барту беше ранет и набрзо потоа почина, како и генералот Жорж, кој го управуваше автомобилот заедно со српскиот крал.

Тие беа застрелани од Владо Черноземски, член на ВМРО, во атентат организиран од самата организација. Во наредните денови, хрватските весници објавуваа наслови како „Тиранинот е мртов“.