Барања за оставки од повеќе министри во Владата на Р.С. Македонија

2 мин. читање

Во македонскиот јавен и политички дискурс, барањата за оставки и одговорност од министри од страна на здруженија на граѓани и неформални иницијативи претставуваат чест облик на граѓански притисок. Овие барања обично се јавуваат како реакција на конкретни актуелни кризи, незадоволство од институционалните политики или несоодветно управување со ресорите.

Месно здружение на млади Муртино бара радикални реформи или распуштање на институции поврзани со земјоделието, особено инспирирано од секојдневните предизвици со кои се соочуваат земјоделците во регионот (како откупните цени, субвенциите и штетите од временските непогоди).

„Родителски Фронт“ упатува критики и бара оставка од министерката за образование и наука, револтирани од реформите во наставните програми и воведување на родова идеологија во образованието.

Порано и родителите на загинатите деца во дискотеката Пулсе во Кочани побараа оставка од министерот за внатрешни работи, а протестите за тој настан се уште актуелни.

Се сеќаваме и на протестите на СКРМ по повод укинување на член од колективниот договор со што на културните работници требаше да им се намалат платите.

Се најавуваат протести и против министерството за животна средина и просторно планирање, а по повод отварање на рудници и загадувачка индустрија во нашата котлина.

Извори:
Facebook страна Месно Здружение на Млади Муртино
Facebook страна Родителски Фронт
Facebook страна на Здрава Котлина