Еколошките активисти од „Здрава Котлина“ алармираат дека Нацрт-просторниот план предвидува пренамена на плодното земјоделско земјиште во зони за тешка загадувачка индустрија. За четврток е најавен собир во Струмица.
Во Струмица в четврток ќе се одржи првата јавна расправа за Нацрт-планот за Југоисточниот плански регион, по жестоките реакции во јавноста и обвинувањата од локалните активисти дека со овој документ повторно се отвора вратата за отворање металични рудници во Струмичката Котлина.
Според реакциите на граѓанските иницијативи, проекциите на Министерството за животна средина и просторно планирање во новиот план предвидуваат локации за металични рудници во Иловица, Казандол и други места во регионот. Активистите предупредуваат дека ова е клучниот правен механизам со кој плодната земјоделска земја системски ќе се пренамени во категорија Г1 — тешка загадувачка индустрија, спротивно од претходните ветувања дадени пред граѓаните.
Граѓанските здруженија и локалното население упатуваат масовен повик до сите жители од Југоисточна Македонија за присуство на првата јавна презентација и расправа:
- Датум: 24 септември 2026 година (четврток)
- Време: 12:00 часот
- Локација: Дом на АРМ — Струмица
Извор:
– Facebook страна на „Здрава Котлина“
– Web страна на Министерството за животна средина и просторно планирање