Поради дотраеност на опремата и завршување на нејзиниот работен век, дојде до дефект на една од двете пумпи во клучната пумпна станица што ја снабдува со вода горната зона на градот, информираат од ЈПКД „Комуналец“.
Техничките екипи на претпријатието се веднаш излезени на терен и интензивно работат на целосна санација на дефектот. Во меѓувреме, водоснабдувањето во овој дел од градот не е во прекин, но се одвива отежнато, исклучиво преку втората резервна пумпа која работи со намален капацитет.
Од јавното претпријатие децидно потврдуваат дека квалитетот на водата за пиење редовно се контролира во соработка со надлежните институции и водата е целосно безбедна и здрава за употреба. опремата во оваа пумпна станица е долгогодишна и нејзиниот работен век е при крај, поради што комплетната модернизација на оваа станица останува врвен приоритет за стабилно и долгорочно водоснабдување во иднина.
Извор:
– ЈПКД „Комуналец“ – Струмица