Автопортретот на Рембрант ван Ријн од 1660 година

Ремек дела на светската уметност

1 мин. читање

Доживотната, храбра потрага на Рембрант по самоспознавањето е документирана во неговите 85 автопортрети: четириесет слики и десетици графики и цртежи. Автопортретот ќе остане негова доживотна исповед.

Тие претставуваат збир на неговата автентичност, овековечена во портретната уметност. Како и во многу други автопортрети од доцниот период на Рембрант, овде го гледаме како тажен и осамен гениј, откривајќи ја животната уморност – онаа меланхолија по светот и животот, позната како „Светска тага“.

Рембрант никогаш не го разубавува изразот на своето лице во автопортретите. Тој се прикажува точно онаков каков што се чувствува во тој конкретен миг на самопретставувањето – еден миг меѓу мноштвото во процесот на неговото самоспознавање.

Sic Transit Gloria Mundi (Така минува светската слава)

Колекција на Музеј Лувр, Париз.