Арво Парт, живиот Баџ на 21 век!

6 мин. читање

Музиката како тишина

Во свет каде што музиката често зборува посилно од зборовите, композициите на Арво Парт одекнуваат со длабока, речиси духовна јасност, а неговиот минималистички пристап – одликуван со волшебно убави хармонии и медитативна тишина, го редефинира класичниот жанр и ги повикува слушателите на интимен дијалог на љубов и трансценденција.

Еве еден преглед на животот на големиот композитор низ годините. Арво Парт е роден на 11 септември 1935 година во естонскиот провинциски град Паиде, но неговите родители се разделиле, па уште пред почетокот на војната, мајката и синот се преселиле во Раквере. Детството и раната младост на идниот композитор поминале во мирниот амбиент на тој мал град. Кога тргнал на училиште, Германците сè уште управувале со Естонија, но кога на деветгодишна возраст почнал да зема часови по пијано, животот се одвивал според насоките на советскиот режим.

Тоа биле немирни и тегобни времиња кои оставиле длабока трага кај многу луѓе. Кога, по наредба на Сталин, десетици илјади луѓе биле депортирани од Естонија во Сибир, меѓу нив се нашле и блиски роднини на Перт. Тоа му оставило болна рана во душата и силно чувство на одбивност кон туѓите власти. Младиот човек одел на училиште, се забавувал со пријателите и бил фасциниран од филмовите што се прикажувале во локалното кино. Музиката постепено навлегувала во неговиот живот, но од еден момент натаму, таа засенила сè друго. Радиото станало централна точка во неговиот живот: на крајот на краиштата, на него се емитувала класична музика. Во петоците се пренесувале концерти во живо, а младиот Парт возел велосипед до градскиот плоштад, каде што на еден столб бил поставен звучник. Тој кружел околу тој столб сè додека не завршеле концертите. Денес, скулптурата на момче со велосипед на централниот плоштад во Раквере потсетува на тие моменти.

Уште од времето на неговото студентско оркестарско дело „Некролог“ (1960), на неговиот пат како советски композитор дувале силни ветрови на одобрување и противење. Бил фален, но и критикуван, прогонуван и фаворизиран. Публиката ја сакала неговата музика, но официјалните лица имале сомнежи. Работата како тон-мајстор и музички режисер на Естонското радио во 1960-тите години го научила да ги слуша фините нијанси на звукот. Оваа работа веројатно му овозможила и брзо запознавање со психологијата на музичарите, што подоцна значително му помогнало да го направи ,,музика” својот посебен звучен свет. Години подоцна, Парт изјавил дека неговиот кривулест пат на потрага по убавина, чистота и вистина – потрага по Бога, започнал токму во 1960-тите. Тоа бил патот што го избрал. Уште како млад човек, тој имал високи идеали и интуитивно чувство дека правењето компромиси може да доведе до губење на сè.

Детството во Раквере.
Во струењата на моќта и духот.

По завршувањето на училиштето, Парт заминал во Талин, каде што работеле најдобрите естонски музичари и педагози. Неговата желба била да стане композитор. Дотогаш градот бил исчистен од воените урнатини, Сталин бил мртов, а во воздухот лебдела надеж за нешто ново.

Кон крајот на 1950-тите, раните дела на Парт прво привлекле внимание во Талин, каде што биле прифатени од постарите колеги во Естонскиот сојуз на композитори, а потоа и во Москва. Времето било наклонето кон младешката енергија, а социјалистичкото општество се обидувало да ја насочи во „вистинската“ насока.

Културата исто така играла улога во бескрвните битки на Студената војна, во кои спротивставените идеологии се обидувале да ја докажат својата надмоќ пред масите од другата страна. Понекогаш тоа и успевало. Во оваа конфронтација, секој талент се гледал како иден борец, а Парт уживал наклонетост.

Но, во Естонија – на границата на огромната црвена империја – Железната завеса била послаба, па така можеле да се слушнат одеците на модерните западни композициски техники. Парт бил фасциниран од нив, особено затоа што тие му давале можност да го изрази својот пркос. Набрзо се појавиле проблеми, бидејќи средината во која живеел Парт ги сметала западните влијанија за непријателски. Пркосот бил неприфатлив.

Сè е едно!

Подоцна, во многу написи се поставуваше прашањето што е она што ги привлекува кон музиката на Парт луѓето од различни делови на светот – луѓе со различна боја на кожата, кои зборуваат различни јазици и имаат различни погледи на светот. Беа понудени многу одговори, но истовремено неговата музика беше и критикувана како лесна и како таква што им се додворува на слушателите. Ваквите коментари доаѓаа од претставници на модернистичката музика. Можеби таквите реакции беа предизвикани од јасната желба на композиторот да биде на иста бранова должина со своите слушатели, а не да го заморува нивното поимање со звучни сплетови и структури што ги испитуваат границите на можното.

Во текстот на обвивката на албумот „Tabula Rasa“ стои еден прекрасен коментар од композиторот, во кој тој ја споредува својата музика со бела светлина која, откако ќе помине низ призмата на слушателот, добива различни нијанси. Од тој аспект, сите елементи во оваа музика се среќаваат: композиторот, музичарите и публиката. „Јас“ и „тие“ стануваат „ние“, а нештата го наоѓаат своето природно место. Постојат рамнотежа и ред. Барем во идеалниот свет.

Денеска големиот композитор полни 91 година.

Извор:
– Estonianworld