Уште колку треба да се чека за да се направи патот Струмица – Дабиле – Сачево?
Срамота е во 21 век, поради меѓуинституционални или какви било други проблеми, да се нарушува нормалното функционирање на сообраќајот и да се уништуваат автомобилите на граѓаните.
Зад секој автомобил има човек кој секојдневно станува, оди на работа, се бори за својата плата и за своето семејство. Не е нормално граѓаните да го плаќаат цехот за туѓата неорганизираност, неажурност или институционални несогласувања.
Патот не е луксуз, туку основна инфраструктура и услов за нормално функционирање на еден регион.

Доста е со оправдувања. Граѓаните заслужуваат одговор кога ќе биде завршен патот и, уште поважно, заслужуваат тој одговор да биде проследен со конкретна работа на терен.