Пронајдено илегално оружје и муниција, уапсен 58-годишник

1 мин. читање

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица спроведоа успешна акција во која е запленето поголемо количество илегално оружје и муниција, а едно лице е лишено од слобода.

​Според информациите од полицијата, на 21.08.2026 година во 06:30 часот, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на Ѓ.Р. (58) во Струмица. При претресот, полицијата пронајде пиштол „Црвена застава“ (калибар 9 мм) и една воздушна пушка, како и 187 парчиња пиштолска муниција, 40 парчиња муниција за пушка и две рамки за пиштол.

​Според првичните сознанија од истрагата, постои основано сомнение дека пронајдените предмети ги поседувал неговиот 33-годишен син, Д.Р., без соодветна документација и дозвола.

​За целиот настан веднаш е известен дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По комплетно документирање на случајот, против инволвираните ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Извор:
Facebook стрна на СВР Струмица