Европската Унија го казни Тему во износ од 200 милиони евра заради продажба на продукти со висок ризик за здравјето на луѓето.
Европскиот закон за дигитални услуги ги контролира интернет платформите со цел да ги заштити корисниците на интернет услуги од штетни содржини или сомнителни производи.
Компанијата Тему е популарна затоа што нуди евтини продукти од облека до производи за домот испорачани од продавачи од Кина.
Платформата има 92 милиони корисници во ЕУ.
Европската комисија соопшти дека Тему не успеал да ги идентификува, анализира и процени системските ризици од нелегални продукти за продажба и штетата што произлегува од тоа за европските потрошувачи.
Во истрагата биле откриени голем број ,,неусогласени” производи вклучувајќи многу полначи за електронски уреди кои не ги поминале основните тестови за безбедност. Исто така е пронајден висок процент на играчки за бебиња кои претставуваат ризик за безбедноста, како присуство на хемикалии на нивоа што ги надминуваат безбедносните ограничувања или што имаат делови кои може да се откинат и да претставуваат ризик од задушување.
Тему изјави дека не се согласува со одлуката и ја смета казната за несразмерна и ќе преземе понатамошни чекори за зајакнување на проценката на ризикот, управувањето со платформата и заштита на корисниците.