Рекордно високи температури во Европа

1 мин. читање

Европа бележи рекордно високи температури за овој период на годината од кои најпогодени се Франција, Шпанија, Португалија, Англија и Ирска.

Највисоката официјално регистрирана температура за месец Мај во Европа по региони беше забележана во Лондон 35,1 степени целзиусови, во Франција во регионот Ландес 37,1, во Даблин над 30 степени, Шпанија до 40 степен, во Португалија до 37 степен.

Невобичаената жештина за овој период од годината привлече голем број на луѓе по парковите, плажите, фонтаните но експертите предупредуваат на високи температури најдобро е да се престојува во затворени климатизирани простории без директна изложеност на сонце.

Обединетите нации проценуваат дека 175.000 Европејци умираат годишно од топлотен стрес или топлотен удар. Овие смртни случаи често недоволно се пријавуваат бидејќи се поврзани со коморбидитети или дополнителни фактори на ризик по здравјето.

Поради климатските промени експертите предупредуваат на екстремни временски појави кои ќе бидат се почести и со зголемен интензитет.