Јужна Кореја ја забранува консумацијата на кучешко месо од 2027 година

1 мин. читање

Министерството за земјоделство на Јужна Кореја спроведува последни подготовки пред целосната забрана за консумација на кучешко место од 2027 година. Јужна Кореја веќе има затворено околу 82% од фармите за кучешко месо според нивното министерство за земјоделие и потенцира дека одгледувањето и продажбата на кучешко месо ќе биде забрането од Фебруари 2027 година. Почнувајќи од 2024 година, 1265 од 1537 фарми за одгледување и преработка на кучешко месо биле затворени а преостанатите треба да се затворат до крајот на 2026 година.