Името на селото се сретнувале низ документи и како Бадолен или Бадиле. Името доаѓа од исчезнатото лично име Бадил, често на латиница запишува и како Бадел, Бадил, Бадол што може да се поврзе со значење на баде = „брат“, и суфиксот -ен што означува дол или рид. Како друго објаснување е дека името доаѓа од растението бадиљ или бадељ или пак од апелативот бадел со значење „чичка“, односно диво трнливо растение.
Селото се наоѓа во крајниот источен дел на Струмичкото Поле, под јужната падина на планината Огражден и во источниот дел на територијата на Општина Ново Село, чиј атар нашироко се допира со државната гранична линија со Бугарија. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 620 метри. Од градот Струмица, селото е оддалечено 35,5 километри, додека од патот Струмица-Ново Село-граничен премин е оддалечено 6,8 километри.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци. Бадилен е второ најмало село во општината. Во 1971 година тоа броело 304 луѓе и 54 семејства. Оттогаш започнува масовното иселување кон Ново Коњарево и новооснованото село Самоилово. Селото е зафатено со голема емиграција на населението, па затоа бројот на населението се намалил од 413 жители во 1961 година, на само двајца жители во 1994 година. Според пописот од 2002 година, селото Бадолен броело 3 жители, сите Македонци. Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.









Извор:
– Википедија – Бадолен