Денес од Синдикатот на културата на Република Македонија поставија прашања кон министерот за култура и туризам Зоран Љутков кои може да се пресликаат и за сите други раководни позиции во хиерархијата на министерството. Со таа цел првин и ние поставуваме едно прашање а потоа во целост ја пренесуваме и објавата на СКРМ:
Зоран Љутков – гледам дека се штити неработењето, СКРМ ги штити „неработниците“. Очекуваме министерот да ги именува и да одговори и на следните прашања:
Кој одлучува кој ќе биде дел од тим на проект, а кој нема да биде ангажиран?
Кој е заштитен и живее надвор од државата, но е “подобен” и сеуште вработен ?
Кој ги поставува директорите и каква кадровска политика спроведуваат тие во институциите трошејќи огромни средства за кадар којшто реално веќе го имаат на расположение како вработени, но и покрај тоа има огромен број на авторски доковори?
Дали директорите, согласно Законот за работни односи, имаат законска обврска да обезбедат работа за сите вработени, наместо преку договори на дело да се маргинализираат и деградираат „неподобните“?
Дали во институциите се спроведуваат селективни унапредувања и истите се користат како механизам за притисок врз синдикалното организирање?
Дали врз членовите се вршат политички притисоци со цел да се ослаби синдикатот?
Ајде за тоа да зборуваме!!
Извор:
– Facebook страна на СКРМ