Денот на македонскиот јазик

1 мин. читање

5 мај 1945 е денот кога конечно се заокружува една од најважните културни одлуки во современата македонска историја – официјалното усвојување на македонската азбука.
По одлуките на АСНОМ и формирањето на македонската држава, Народната влада ја прифаќа работата на јазичната комисија и ја прогласува македонската азбука со 31 буква како службена на територијата на Социјалистичка Република Македонија.

Документот бил потпишан од десетмина членови, меѓу кои, и покрај неговите претходни противења, и Венко Марковски.

Главниот камен на сопнување била буквата „ъ“ (ер). Марковски, заедно со уште неколку членови, упорно се залагале за нејзино задржување во азбуката. Од друга страна, Конески го застапувал ставот за целосна примена на фонетскиот принцип и усвојување решенија кои веќе постоеле во српската кирилица (како буквите љ, њ, ј, ѓ, ќ), сметајќи ги за најфункционални за македонскиот гласовен систем.

Но на крајот, на решението се потпишува и Венко Марковски.

Денот 5 мај е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“ на 130. седница на владата, одржана на 16 април 2019 година.