Предавање по психологија и логотерапија

1 мин. читање

Струмичанецот, и наш член, Горан Гогов учествуваше на Првиот српски логотераписки конгрес во Белград, кој се одржа под мотото „Смислата како темел на менталното здравје“.

Гогов, психолог и логотерапевт под супервизија, се претстави со излагањето „Архитектура на непоколебливоста“, во кое говореше за пркосот на духот како суштинска човечка сила што му овозможува на поединецот да пронајде смисла и да заземе став дури и во услови на тешки животни предизвици.

Конгресот собра учесници и експерти од повеќе земји, со фокус на улогата на смислата во зачувувањето на менталното здравје, согласно принципите на логотерапијата.

Во прилог на објавата може да се погледне видеото од излагањето на Гогов.