Традиционално пошумување и пикник на ПСК „Повик од дивината“

1 мин. читање

Планинарско спортскиот клуб „Повик од дивината“ и оваа година организираше настан за пошумување на планината над градот Струмица и пикник дружење на сите посетители. Оваа година настанот беше организиран под мотото – Засади денес за да уживаме во подобра и позелена иднина утре. Овој настан преминува во традиција и задоволството е уште поголемо кога веќе може да се видат пораснатите засадени дрва од пред неколку години. Во прилог фотографии од настанот.