Бајково – село на падините на планина Огражден

1 мин. читање

Името на селото се сретнувале низ документи и како Бапково или Бајков. Името доаѓа од личното име Бајко (што е изведенка од Братислав или Братољуб) и суфиксот -ово. Според легендата, пак, селото го добило името по сточарот Бајко, кој прв се населил на денешното место.

Селото се наоѓа во крајниот источен дел на Струмичкото Поле, под јужната падина на планината Огражден и во источниот дел на територијата на Општина Ново Село. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 345 метри. Од градот Струмица, селото е оддалечено 30 километри, додека од патот Струмица-Ново Село-граничен премин е оддалечено 2,5 километри. До селото води земјен пат, кој започнува од државниот пат А4, кој започнува од помеѓу селата Самоилово и Ново Коњарево.

Бајково е најмало село во општината. Во 1971 година тоа броело 272 жители. Оттогаш започнува масовното иселување кон новооснованото село Самоилово. Според пописот од 2002 година, селото Бајково броело само 2 жители, сите Македонци. Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Извор:
Википедија – Бајково