Нашиот психолог и логотерапевт учесник на првиот српски логотераписки конгрес

1 мин. читање

Нашиот соработник, психолог и логотерапевт под супервизија Горан Гогов, ќе учествува на Првиот српски логотераписки конгрес, кој ќе се одржи на 25 април 2026 година во Белград, во организација на Српското здружение за логотерапија “Логосвизија”.

Конгресот е посветен на современата примена на логотерапијата на Виктор Франкл, со посебен акцент на смислата како темел на менталното здравје. На настанот ќе учествуваат истакнати домашни и меѓународни експерти од областа на психологијата и психотерапијата.

Во рамките на програмата, Горан Гогов ќе земе активно учество преку организираните секции со тема „Активација на пркосот на духот како клуч на менталното здравје“, каде ќе се обработува значењето на внатрешната слобода, ставот кон страдањето и човековата способност да избере однос кон животните околности.

Ова учество претставува важен придонес во афирмацијата на логотерапијата и нејзината практична примена во регионот, како и поттик за понатамошна соработка и развој.