Детронизиран единствениот шампион на Струмица

1 мин. читање

​ОК Струмица 47&72 со пораз од ГОК Борец и на домашен терен од 1:3 (0:2 во победи) е елиминирана во полуфиналето во плејофот на одбојкарскиот шампионат на Македонија. По цели 13 години, Струмица нема да игра финале во македонскиот шампионат. Во Струмица се случи нешто што македонската одбојка не го памети со години.

Овој пораз боли уште повеќе бидејќи со ова градот го загуби и единствениот преостанат колектив кој со години носеше титули и ја одржуваше спортската гордост на Струмица.

Честитки до екипата на Борец за пласманот во финалето, а за нашите одбојкари останува време за сериозна анализа, одмор па потоа репрезентативни обврски за оние кои ќе се најдат на списокот на некоја од младите селекциите или во сениорскиот состав на нашата репрезентација

Извор:
Facebook страна на ОК Струмица
Одбојкарска федерација на Македонија