Варварица се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во југоисточната падина на планината Смдрешник, во најзападниот дел на Општина Василево, додека атарот на селото граничи со Општина Конче. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 15 километри.
Надморската височина во селото е 789 метри додека селото зафаќа површина од 8,2 км2. Од нив 517,2 хектари се шуми, 167,2 хектари се обработливо земјиште и 34,4 се пасишта
Селото се граничи со Седларци, Требичино, Вељуса, Горни Липовиќ, Папавница.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 жители. Во 1961 година селото имало 176 жители. Во 1994 година во селото живееле 2 жители. На пописот од 2002 година, селото имало 2 жители.










Извор:
– Википедија – Варварица