Во официјална посета на Струмица, на ден 30.03.2026 година, престојуваше Нејзината Екселенција, амбасадорката на Сојузна Република Германија, г-ѓа Петра Дрекслер. За читателите на нашиот портал, таа даде ексклузивна изјава која ви ја пренесуваме во целост.
Г-ѓа Петра Дрекслер:
Мојата посета на Струмица беше голем ден за мене. По интересниот разговор со градоначалникот Петар Јанков, го посетив училиштето „Јане Сандански“: сега имаме најофицијално уште едно партнерско училиште, кое може да ја понуди ‘Германската јазична диплома на Постојната конференција на министри за образование и култура (DSD)’! Импресионирана сум од ангажманот на наставниот кадар и големата мотивација со која учениците учат германски. Доделувањето на плакетата ДСД е симбол на активното пријателство со Германија. Наш силен партнер е „Централната служба за образование во странство (ZfA)“, со која и во иднина ќе продолжиме да даваме поддршка.